digital

Дигиталната изложба на уметничките дела за Алмопија веќе е поставена онлајн! Сите посетители можат да ја посетат и да ги погледнат делата во висока резолуција, да ги слушнат уметниците кои ги објаснуваат своите мисли, да научат за оригиналните локации што станаа нивна инспирација и да се информираат за методологијата на постапката! Сите одлики се достапни на англиски и на грчки јазик.

Ви посакуваме да уживате во текот на истражувањето на дигиталната изложба на уметничките дела за Алмопија!

Вашето патување започнува со кликнување тука!

φιναλ ψονφ (19)φιναλ ψονφ (16)

 

19 ЛОКАЛИТЕТИ, 19 УМЕТНИЦИ, 19 УМЕТНИЧКИ ДЕЛА

ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ „ЖИВА ИСТОРИЈА, ЖИВА ПРИРОДА“, ДЕВЕТНАЕСЕТ УМЕТНИЦИ БЕА ПОКАНЕТИ ОД ОПШТИНАТА АЛМОПИЈА, ГРЦИЈА, ВО ЛЕТОТО 2014.

СЕКОЈ ОД НИВ СОЗДАДЕ ЕДНО ОРИГИНАЛНО УМЕТНИЧКО ДЕЛО ИНСПИРИРАНО ОД ЕДЕН УНИКАТЕН ЛОКАЛИТЕТ ВО АЛМОПИЈА.

ОВА Е ДИГИТАЛНАТА ИЗЛОЖБА

Александрос Адамидис создаде слика инспирирана од Добро Поле, висорамнина во планините на Алмопија со ретка флора, крвава историја од Првата светска војна и една напуштена воена гробница.

Ангелики Авгитиду ги презентира наодите на научник кој ги посети водопадите во Нотиа и Црната шума во Орма.

Марија Иконому ја проучи авифауната на планините Џена и Пиново и создаде серија дела за заштитените видови во регионот.

Сашко Јанев работеше за црквата Аналипсеос во Теодораки и на делумно зачувана икона на која е претставено отсликување на Исусовото лице на саванот.

Елеана Кумарјану придаде значење на природната средина на манастирот Св. Хиларион, поврзувајќи го горниот духовен свет со флората на земјата и замислата на загубениот рај.

Димитра Лабреца ја изучуваше палеонтолошката колекција коски во Природно-историскиот музеј и создаде серија дела за мечката што живееше во пештерите на Алмопија пред илјадници години.

Дејан Макаријовски ја изрази историјата на манастирот Архангел Михаил во две слики, фокусирајќи се на неговото уништување во пожар во 18от век, кој уништи сѐ, освен иконата на Архангел Михаил.

Виргинија Мастројанаки го создаде делото „Инстинктивни врски“ за Замокот на Хриса и промените на неговата материјалност низ времето.

Василики Мата го создаде делото „Нама“, од грчкиот збор што значи „вода од изворот“, но и „вино за Евхаристија“, комбинирајќи елементи од вандализираната црква Св. Јоанис во Ано Лутраки и природата на водопадот во Кунупишта.

Фотини Папахаџи ја долови историјата на природата на Алмопија во две серии оригинални фотографии и три видео-проекции и ги покани граѓаните на Алмопија во проект со заедничко учество.

Јоанис Папајанакис ја употреби водата како елемент кој ги спојува историските и современите рушевини; од неискористената историска воденица во Сосандра, до напуштениот јавен базен во Аридеа.

Панде Петровски употреби разновидни експресивни средства за серија локалитети во Алмопија, како термалните бањи Лутра, црквите во Ксифиани и Аетохори и пејзажите во близина на археолошките локалитети.

Захариас Полихронакис се фокусира на фреските во црквата Св. Димитриос во Аетохори и природните елементи на Алмопија, за да коментира за соживотот на историјата и природата.

Елени Провата создаде две дела за повизантискиот мост во Алоро, нагласувајќи го неговото минување низ времето и моменталната состојба.

Игор Стојановски се фокусира врз сличностите и разликите на камените структури во археолошките локалитети Алоро, Апсалос и Констандија.

Василики Јерокоста создаде книга со цртежи и поеми за Алмопија и за Народниот музеј, кој е домаќин на многубројни секојдневни алати од старите времиња.

Христина Зафировска преобрази дискретни одлики на земјата и водата од Лутра во една целина.

Сотирија Зорба употреби симболи и геометрија за пештерата во Лутра.

Златко Георгиевски наслика поглед од црквата Св. Димитриос во Ксифиани.