φιναλ ψονφ (18)

На 16 декември 2014, во 11:00 часот, во просториите на општината Новаци, поранешна Југословенска Република Македонија, се одржа крајната конференција на водечкиот финансиски партнер. Градоначалникот на Новаци, г-динот Лазар Котевски и градоначалникот на Алмопија г-динот Димитрид Бинос, го означија успешното спроведување на проектот „Жива историја – жива природа“, која ги поврза локалните влади на двете земји во текот на минатите 18 месеци. Главната цел на проектот, рече градоначалникот г-дин Котевски, беше промоција и унификација на историските и природни ресурси во прекуграничната област, документација, истражување и промоција на атрактивни локалитети. Проектот за прекугранична соработка што го остварија двете земји, не само што го збогатува културното наследство, туку, исто така, го зајакнува пријателството меѓу двата народи. Денес го завршивме првиот дел од проектот, но сега ќе продолжиме со вториот дел Lhi-Lna II, рече градоначалникот г-динот Бинос.