4-2

На 5 декември 2014, во 11:00 часот во Аридеа, Грција, во просториите на општината Алмопија, се одржа четвртата средба за напредок на сите партнери од проектот „Жива историја – жива природа“, по покана од водечкиот финансиски партнер (општина Алмопија).

На средбата учествуваа следните лица:

Димитрис Бинос, градоначалник на Алмопија – ВП2

Игорче Ристески, претставник на општината Новаци – ВП1

Никос Цимас, научен соработник – ВП2

Сапфо Пападопулу, Оддел на технички услуги, општина Алмопија – ВП2

Марија Папаспиру, Оддел на технички услуги, општина Алмопија – ВП2

Марина Китаноска, надворешен експерт – ВП1

Јоанис Муратидис, надворешен експерт – ВП2

Стефанија Јота, надворешен експерт – ВП2

Андроники Зеленгу, толкувач – ВП2

Игор Неделковски, подизведувач на работи – ВП1

Благојче Николовски, одговорен за камера и фотографии во општината Новаци – ВП1

Сакис Теодоридис, новинар

Тасос Калајџис, новинар

Христос Пападолулос, новинар

По утврдувањето на кворум, средбата започна со воведен говор на градоначалникот на Алмопија. Градоначалникот ја истакна неопходноста за вакви активности, подвлекувајќи ги природните и културните богатства на обата региони.

Од страна на градоначалникот на општината Новаци, Игорче Ристески одржа воведен говор, со кој ја потцрта дотогашната одлична соработка меѓу партнерите и ги покани учесниците на следната средба, закажана за 16 декември, во просториите на општината Новаци.

Предмети за кои ќе се разговара:

Кратко информирање за проектот за периодот септември-декември 2014

Презентација на досегашното партнерство

Презентација – извештај на активностите што ќе се спроведат од ФВП2 во продолжениот период

Општи прашања за управувањето со проектот

Дискусија за проектот Lhi-Lna II

Г-динот Никос Цимас, научен соработник на општината Алмопија, го претстави проектот и активностите што досега ги спроведе ВП2, што се однесуваат на буџетските прашања и главните цели. Тој спомна дека времетраењето на проектот беше продолжено за четири месеци, во текот на кои ќе бидат заокружени активностите од РП 3, 4 и 5, што се однесува на теренските истражувања, дизајнот на историските и природните патеки и нивното означување. Поголемиот дел од овие активности веќе започнаа и се во тек на спроведување.

Исто така, г-ѓата Марина Китаноска, надворешен експерт на општината Новаци, изврши и брифинг за активностите на општината Новаци во периодот на известување.

Г-динот Игор Неделковски, подизведувач на работи на општината Новаци, ја претстави дигиталната изложба на уметнички дела креирани од уметници од двата региони и интерактивната онлајн апликација, дизајнирана од ВП1. Учесниците имаа прилика за екпериментирање и интеракција со дигиталната изложба, која се состои од голем број интересни и иновативни одлики.

На крај, меѓу учесниците се отвори дискусија за општите прашања во врска со управувањето со проектот, како и за проектот Lhi-Lna II, кој веќе е одобрен. Поконкретно, тие дискутираа како би можеле да се исползуваат резултатите од проектот во текот на спроведувањето на активностите од проектот Lhi-Lna II.

Средбата заврши со таа точка на дискусијата

во 13:30 часот.