2

Третата средба за напредок се одржа на 6 октомври 2014 во Новаци. Тоа беше еден корисен настан кој на партнерите им даде прилика да ги ажурираат сите информации во врска со проектот. Општината Новаци ги претстави реставрациите во рамките на проектот; куќата на Калеш Анѓа во Старавина, мостот и воденицата во селото Зовиќ и црквата Св. Димитар во Градешница. До крајот на месецот, ќе бидат поставени и ознаките на природните и историските патеки. Општината Алмопија ја претстави успешната ликовна колонија која имаше како резултат 19 уметнички дела кои имаат огромно влијание врз областа и привлекуваат голем број граѓани.

Следната средба ќе се одржи во декември, во Алмопија.