P7111021

УМЕТНИЧКА КОЛОНИЈА ВО ОПШТИНАТА АЛМОПИЈА, ГРЦИЈА
во рамките на проектот „ЖИВА ИСТОРИЈА – ЖИВА ПРИРОДА“ –
НОВ ПЕРИОД ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРИЈАВИ ЗА УМЕТНИЦИ
ОД ПОРАНЕШНАТА ЈУГОСЛОВЕНСКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Општината Алмопија ќе спроведе интензивна програма за уметничка креација за зајакнување на своето локално историско и природно наследство. Ова е еден обид да се поврзе уметноста со локалниот развој, и да се креираат уметнички дела кои на избраните места од интерес ќе им додадат вредност. Уметничките креации треба да го истражуваат „гениус лоци“ на Алмопија, исто така познат и како „дух на местото“, и да ги изразат особеностите на прекуграничната област со разни начини на изразување, вклучувајќи ја современата уметност. Поединци можат да го изразат својот интерес испраќајќи потпишана апликациона форма, детална биографска белешка (со референци за изложби во кои учествувале) и индикативни проекти (ЦД, печатено портфолио, референца до веб-страница со лични проекти или комбинација од горенаведеното) преку пошта или е-пошта на tsimas@gmail.com.

Програмата ќе одржи во Алмопија од 26 август до 4 септември! Сите трошоци се покриени; трошоци за патување (такси), 9 ноќевања во еднокреветна соба во хотел со 3 ѕвездички, 3 оброци дневно, материјали за уметничката креација.

НОВ ПЕРИОД ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРИЈАВИ: ОД 11 ДО 20 АВГУСТ 2014
(апликацијата мора да содржи референтен број меѓу овие датуми)

ВО МОМЕНТОТ СЕ ДОСТАПНИ ОГРАНИЧЕН БРОЈ МЕСТА!

За детали можете да ја посетите веб-страницата на проектот www.lhilna.eu

За какви било дополнителни информации, Ве молиме испратете е-пошта на tsimas@gmail.com или tsimas@0598.syzefxis.gov.gr

Апликациона форма за избор на уметници што ќе учествуваат во Програмата за уметничка креација

НАЈНОВИ ВЕСТИ 22/08/2014:

Уметниците што беа избрани по овој повик се:

г-дин Панде Петровски

г-ѓа Христина Зафировска

г-дин Сашко Јанев.

Тие ќе учествуваат во Програмата за уметничка креација во Алмопија со своите колеги-уметници:

г-дин Дејан Макаријовски

г-дин Ѓоргиевски Златко

г-дин Игор Стојановски