NOVACI

Се случува! Спроведувањето на активностите од уметничкото истражување и презентацијата на проектот LhiLna започнува на 21 јули во Новаци. Активноста „Создавање првичен уметнички материјал врз анализа на локалитетот“ се однесува на 5-дневната прошетка на групата уметници во Новаци и нивното запознавање со местата од интерес. По оваа прошетка, од 1 до 5 август ќе следи прошетка низ Алмопија. Потоа ќе започне 10-дневна интензивна работилница во Новаци, која ќе трае од 11 до 20 август. На крај, со работилницата во Алмопија што ќе се одржи од 26 август до 4 септември, ќе се заврши спроведувањето на овие активности.

Ова ќе биде еден креативен месец за обете општини. Уметноста може да биде разоткривачка, плодна и иновативна; исто така, може да делува терапевтски и да предизвика промени, бидејќи поседува свој сопствен дух, во зависност од поширокиот контекст. Ајде да гледаме како се разоткрива овој дух додека ги следи патеките на Новаци и Алмопија и го истражува „гениус лоци“ на местото во обата региони.

Новините од спроведувањето на активностите од уметничкото истражување ќе се објавуваат секојдневно. Останете поврзани!