20140721_150840

НОВАЦИ, ДЕН 1

Во текот на 21 јули, првиот ден од програмата за уметничка креација во Новаци, грчките уметници патуваа од Алмопија во Новаци. Транспортот беше огранизиран од домаќинот на програмата, општината Новаци. Грчките уметници беа придружени од градоначалникот на Алмопија, г-динот Димитрид Пасоис и научниот соработник на општината Алмопија, г-динот Никос Цимас.

20140721_15084020140721_150840По сместувањето во хотелот, тие се сретнаа со останатите од групата во просториите на општина Новаци. Градоначалникот на Новаци, г-динот Лазар Котевски, им посака добредојде на сите уметници што ќе работат на локалитетите во Новаци и им посака успешно спроведување на програмата. Градоначалникот на Алмопија г-динот Димитрис Пасоис упати желби за плодни резултати од програмата во Новаци. Потоа се одржа кратка презентација на програмата, која беше проследена со официјален ручек. Беше одредена програмата на 5-дневната прошетка и на уметниците им беше најавен локалитетот за првиот ден: тоа ќе биде камениот мост во село Зовиќ во Мариово, еден од најзначајните споменици во општината. Вредно е да се спомне дека во рамките на проектот беа финансирани работите за реконструкција на мостот и воденицата.