new-deadline1

Во четврток на 24 декември 2013, во 11:30 часот во Аридеа, Грција, во просториите на општината Алмопија, ќе се одржи почетната средба на сите партнери од проектот „Жива историја – жива природа“, по покана од водечкиот финансиски партнер (општина Алмопија).

На средбата учествуваа следните лица:

Лазар котевски, градоначалник на Новаци – ВП1

Пасоис Димитриос, градоначалник на Алмопија – ВП2

Воцари Елефтериа, Службеник за комуникација и техничка помош на ЗТС

Калдеремџи Деспина, заменик-градоначалник на Алмопија – ВП2

Теодоридис Анастасиос, заменик-градоначалник на Алмопија – ВП2

Христу Анастасиос, заменик-градоначалник на Алмопија – ВП2

Катерина Чукалеска, проектен менаџер, ВП1

Кристина Павлоски, проектен менаџер – ВП1

Биљана Спиркоска, финансиски менаџер – ВП1

Игорче Ристески, претставник на општината Новаци – ВП1

Никос Цимас, научен соработник – ВП2

Пападопулу Сапфо, Оддел за технички услуги, општина Алмопија – ВП2

Хрисопулу Марија, Оддел за технички услуги, општина Алмопија – ВП2

Николаидис Констандинос, Претседател на Општинскиот совет на Алмопија, ВП2

Харизопулос Констандинос, Генерален секретат на општината Алмопија – ВП2

Јоанидис Исидорос , соработник на општината Алмопија – ВП2

Аврамиду Софија, секретар на градоначалникот на Алмопија – ВП2

Папаспиру Марија, секретар на оддел за технички услуги, општина Алмопија – ВП2

Јоанис Муратидис, надворешен експерт – ВП2

Елефтериаду Олга, надворешен експерт – ВП2

Агорастиду Марина, надворешен експерт – ВП2

Зеленгу Андроники, толкувач – ВП2

Николовски Благојче, одговорен за камера и фотографии во општината Новаци – ВП1

Кулевски Лазар, возач – ВП1

По утврдувањето на кворум, средбата започнува со воведни обраќања на градоначалниците. Двата градоначалници ја истакнаа неопходноста за вакви активности, подвлекувајќи ги природните и културните богатства на региони, Новаци и Алмопија.

Предмети за кои ќе се разговара:

1) Кратка презентација на проектот

2) Презентација на дневниот ред, одговорностите на партнерите и профилот, активностите и очекуваните резултати од проектот

3) Комуникациски план

4) Составување на раководен орган

5) Дискусија за прашањата од спроведувањето

За предметот 1

Земајќи ја предвид одобрената апликациона форма на проектот „Жива историја – жива природа“, се одржа презентација на Никос Цимас, научен соработник на општината Алмопија, во која беше објаснета главната замисла и идниот напредок, потребите и барањата.

За предметот 2

Земајќи ја предвид одобрената апликациона форма на проектот „Жива историја – жива природа“, се одржа кратка презентација на Катерина Чукалеска, проектен менаџер на главниот проектен партнер, во која се објаснуваат одговорностите и се опишува профилот, активностите и очекуваните резултати од проектот за двата партнери.

За предметот 3

Врз основа на одобрената апликациона форма на проектот „Жива историја – жива природа“, се одржа презентација на Олга Елефтериаду, надворешен експерт на водечкиот финансиски партнер, во кој се идентификува вкупната комуникациска стратегија на проектот, целните групи, активностите и алатките за комуникација, индикаторите за постигнување и финансиските ресурси.

За предметот 4

Согласно одобрената апликациона форма на проектот „Lhi-Lna“, беше составен раководен орган од претставниците на двата партнери кои беа дефинирани на почетната средба. Улогата на раководниот орган е поддршка и координација во спроведувањето на проектот. Неговите членови ќе бидат во директен контакт во текот на спроведувањето.

За предметот 5

Во текот на разговорот во врска со прашањата за спроведување, учесниците се согласија дека во однос на Работниот пакет 2: информациите и публицитетот е подобро да ги проверува Заедничкиот технички секретаријат (ЗТС).

Подвлекувајќи ја потребата за постојана комуникација меѓу партнерите, партнерите-учесници решија да договорат средба во Новаци за околу три месеци. Точниот датум сѐ уште не е одреден. Крајниот датум ќе биде договорен по е-пошта.

Средбата завршува со таа точка на разговор во 13:30 часот.