2

Записник од средбата:

На средбата учествуваа претставници од двете општини и организациите што имаат улога на надворешна поддршка на проектот, како од Грција, така и од нашата земја. Учесниците на средбата се следните:

г-дин Лазар Котевски – градоначалник на општината Новаци

г-дин Димитрис Пасоис – градоначалник на општината Алмопија

Цимас Никос – член на проектниот тим, општина Алмопија

Николаидис Костас – член на проектниот тим, општина Алмопија

Моратидис Јанис – надворешен експерт, општина Алмопија

Елефтериаду Олга – надворешен експерт, општина Алмопија

Катерина Чукалеска – проектен менаџер, општина Новаци

Стевче Ангелески – општина Новаци

Летка Јовановска – општина Новаци

Оливера Димитровска – општина Новаци

Биљана Спиркоска – надворешна поддршка, ЦГИ, Прилеп

Марина Ѓ. Китаноска – надворешна поддршка, ЦГИ, Прилеп

Игор Тасевски – општина Прилеп

Гоце Трајковски – општина Новаци

Димче Стојановски – општина Новаци

Игорче Ристевски – општина Новаци

Благојче Миковски – општина Новаци

Средбата започна со обраќање на двата градоначалници и поздравување на проектот. Двата градоначалници подвлекоа дека проектот има особено значење за прекуграничната област, и дека е добар пример за ефективна и продуктивна соработка меѓу општините од обете земји. Обајцата ја потенцираа важноста на прекуграничната програма ИПА.

По обраќањето, двата градоначалници дадоа изјави за локалните медиуми.

Домаќинот, општината Новаци, ги претстави двата промотивни медиумски производи, кратки документарни филмови, во продукција на ТВ Тера од Битола. Првиот документарен филм се однесуваше на општото претставување на проектот, Програмата ИПА и засегнатите страни, додека вториот беше за фигурата на Калеш Анѓа, чија куќа се реставрира во рамките на програмата.

Гостинот, општината Алмопија, претстави нацрт-верзии од комуникацискиот пакет/информативниот материјал, за кои дискутираа двата партнери.

Следеше оперативниот дел од средбата со дискусии за проектот, спроведените и следните активности од проектот.

Проектните менаџери се согласија дека досегашното спроведување е согласно програмата.

Г-динот Никос Цимас даде детално објаснување за Работниот пакет 4, ангажирањата на експертите во рамките на проектот и промоцијата на истиот.

Заклучоците од средбата се следните:

– ќе се направи мала измена за активностите за реконструкција за општината Новаци – продолжувањето ќе истече во јуни 2014;

– ќе се направи мала измена за оштината Алмопија, за активностите 3.1 и 3.2, кои е предложено да траат до август 2014. Продолжувањето е потребно заради повторување на отворениот конкурс кој ги вклучува активностите за теренско истражување и ИКТ;

– барањето за гореспоменатите измени може да вклучува предлог за измена на трошоците за кадар за надворешна екпертиза (само за општината Алмопија), бидејќи постои големо задоцнување на административните постапки за одобрување од овластените тела во Грција. Ова задоцнување може да биде уште поголемо заради грчките локални избори за самоуправа на 17 мај.

– почетната точка на двата партнери за развивање на списокот со уметници (РП4) мора да биде април 2014. Двата партнери ќе соработуваат на развивањето на списоците, бидејќи секоја ликовна колонија ќе биде домаќин на уметници од двете земји.

– комуникацискиот пакет ќе биде финализиран до крајот на март 2014.

– ќе се оствари директна врска за комуникација со грчката компанија за ИКТ и двете општини, за да се следат потребите на веб-порталот.

Третата координативна средба ќе се одржи во август 2014, согласно проектниот план. Меѓутоа, ченовите од двете проектни екипи ќе продолжат да комуницираат често преку е-пошта.