10

На 6 април 2015, во хотелот „4 годишни времиња“ во бањите Пожар до Аридеа, со голем успех се одржа Средбата за резултатите од проектот Lhi-Lna. Беа претставени сите аспекти на овој комплексен проект, и тоа секој аспект од специјалистот што го исполни.

Од особен интерес беа препораките на членовите на заедничкиот Технички секретаријат („Joint Technical Secretariat“) на програмата „Грција – поранешна Југословенска Република Македонија ИПА – прекугранична програма 2007-2013 (IPA Cross – Border Programme 2007-2013), како и оние на органите на општините Алмопија и Новаци. Дополнително, презентациите на претставникот на Државниот музеј за современа уметност, претставникот на Планинарскиот клуб од Аридеа и одговорните за поединечните проекти, ја дополнија сликата на проектот и го акцентираа неговото продолжување и искористување.