DSC_0808
Во среда, на 24 октомври 2013, во 11.30 претпладне во Аридеа, во просториите на општината Алмопија се одржа почетната средба, на покана од општината Алмопија.

Откако беше утврден кворум, средбата започна со обраќање на градоначалниците. Двата градоначалници ја назначија потребата за ваков вид активности, кои го истакнуваат природното и културното богатство на двата региони.

Темите за кои ќе се разговара:

  1. Кратко претставување на проектот.
  2. Претставување на програмата, должностите на партнерите и профилот, активностите и очекуваните резултати од проектот.
  3. План за комуникација.
  4. Создавање комисија за координација.
  5. Разговор на темите за примена.

За темата 1

Земајќи го предвид одобреното барање за финансирање на проектот, Никос Цимас, научниот соработник на општината Алмопија, изврши презентација и ја објасни главната идеја и идниот напредок (потреби и барања).

За темата 2

Земајќи го предвид одобреното барање за финансирање на проектот, Катерина Кукалевска, одговорната на проектот на водечкиот партнер, изведе презентација во која ги објасни одговорностите на двата партнери и го опиша профилот, активностите и очекуваните резултати од проектот за двата партнери.

За темата 3

Земајќи го предвид одобреното барање за финансирање на проектот, Олга Елефтериаду, надворешен експерт на општината Алмопија, изведе презентација со која ја одреди целокупната стратегија за комуникации на програмата, целните групи, активностите и алатите, показателите на напредок и економските средства.

За темата 4

Земајќи го предвид одобреното барање за финансирање на проектот, раководната комисија ќе се состои од претставници од двата партнери, кои ќе се одредат во текот на почетната средба. Улогата на комисијата за координација е да го поддржува и координира остварувањето на проектот. Членовите ќе бидат во постојан контакт во целиот тек на примената.

За темата 5

Во текот на разговорот за темите за примена, партнерите-учесници се согласија дека, што се однесува до „Работниот пакет 2: Информирање и публицитет“, најдобро е да тој го контролира Заедничкиот технички секретаријат.
Исто така, назначувајќи ја потребата за постојана комуникација меѓу партнерите-учесници, партнерите решија да се одржи средба во Новаци по три месеци. Точниот датум сѐ уште не е одреден. Крајниот датум ќе се договори преку е-пошта.
Со оваа точка, средбата заврши во 13.30 попладне.