Дваесетина туристички работници од регионот присуствуваа на обуката за модерните начини и техники за промоција на општина Новаци. На оваа обука експертите на претставниците на туристички агенции и туристичките водичи им презентираа како поефикасно и поинтересно да ги претставуваат културното, природното и историското наследство на општина Новаци.

На работилницата беа презентирани начините на вмрежување како современа маркетинг стратегија за промоција на туристичката понуда , WBGN како глобална платформа за вмрежување и презентација на локалната туристичка понуда со современи технологии. Учесниците  беа мотивирани да дадат предлози за ставање на туристичките патеки на Општина Новаци во нивните понуди. Се разговараше за начини за подигнување на стандардите на туристичките услуги и инфраструктура, збогатување на понудата со додатни активности и атракции  и начини на промоција.

„На присутните им беше претставен активниот туризам како најбрзо растечка гранка во светски размери, им беа презентирани на туристичките потенцијали и ресурси на општина Новаци, природната, историската и комбинираната патека како и следните кативности кои ќе се превземаат од страна на локалната самоуправа во рамките на овој проект. “ рече Марина. Ѓ. Китановска, персонал за видливост во проектниот тим на Lhi Lna 2 .

„Денешната работилница ја организираме со цел да ги искористиме сите можни расположливи маркетинг техники за промоција на богатото културно наследство со кое располага општина Новаци и на тој начин да го развиеме алтернативниот туризам “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Богатата агенда на работилницата даде многу можности и начини на размислување како активниот рурален туризам да се стави во функција на локален економски развој на регионот.