На 25.02.2016 година во општина Новаци се одржа вториот координативен состанок за прогресот и текот на имплементацијата на проектот „Жива историја, жива природа 2“. На состанокот присуствуваа претставници од општина Новаци и претставници од грчките партнери од општина Алмопиа.

На координативниот состанокот се разговараше за тековните активности – досегашното имплементирање на проектот од страна на двата партнери Новаци и Алмопиа како и за проблемите и предизвиците со кои се соочуват при реализацијата. Посебен акцент беше ставено на активностите кои треба да се реализираат до крајот на проектот со акцент на заедничките активности на двете општини како што се: школата за фотографија, конкурсот за најубави фотрографии, џип турата, турата со велосипеди и планинарењето низ Скочивирскиот дел во општина Новаци, како и за школата за архитектура, средбата на блогери и новинари која треба да се одржи во Алмопиа, Грција.

На оваа средба стана збор и за можностите за понатамошното продолжување на меѓусебната соработка помеѓу двете погранични општини и заедничко аплицирање на повикот од Програмата за прекугранична соработка Македонија – Грција 2014 – 2020 година.