SKW-MK

Во рамките на проетот „Жива историја, жива природа 2“ се одржа втората работилница за туристички работници на тема „Нови маркетинг технологии за промоција на туристичките патеки на територијата на општина Новаци“. Експерти ги обучуваа и дебатираа со дваесеттина туристички работници, претставници на туристички агенции и водичи за модерните начини и техники за промоција на богатото културно, природно и историско наследство со кое располага општината.

„Ова е продолжение на европскиот прекуграничен проект кој го работиме веќе неколку години наназад со општина Алмопиа, Грција. Денешната работилница e втора работилница од овој тип, а ја организираме со цел да ги искористиме сите можни расположливи маркетинг техники за промоција на богатото културно наследство со кое располага општина Новаци и на тој начин да го развиеме алтернативниот туризам “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Богатата агенда на работилницата даде многу можности и начини на размислување како активниот рурален туризам да се стави во функција на локален економски развој на регионот. Преку работни вежби беа развиени и предлог туристички тури во кои беа вклучени неколку локации од општината .

„Беше претставен активниот туризам како најбрзо растечка гранка во светски размери, презентација на туристичките потенцијали и ресурси на општина Новаци, природната, историската и комбинираната патека како и следните кативности кои ќе се преземаат од страна на локалната самоуправа во рамките на овој проект. “ рече Горки Балојани, експерт.

Работилницата беше завршена со презентација на начините на вмрежување како современа маркетинг стратегија за промоција на туристичката понуда, WBGN како глобална платформа за вмрежување и презентација на локалната туристичка понуда со современи технологии, а и  учесниците  беа мотивирани да дадат предлози за имплементација на патеките во нивната понуда, начини за подигнување на стандардите на туристичките услуги и инфраструктура, збогатување на понудата со додатни активности и атракции, вметнување на патеките во конкретни туристички програми  и начини на промоција, маркетинг стратегија и вмрежување и соработка на инволвираните чинители.