DSCN2167

Во рамките на проектот, а со цел промовирање на природните убавини на Општина Новаци и привлекување на туристи и спортски планинари се подготвува нова и привлечна планинарска тура. Имено ангажирани се искусни планинарски експерти кои интензивно работат на проучувањето на територијата на Општина Новаци и мапирање на привлечни планинарски тури. Лицата кои се водичи за планиинарската тура веќе ги формираа планинарските патеки. Формираа тим за маркирање на патеката и за обезбедување на подобра проодност. Моментно на терен се правата последните подготовки за планинарската тура, се ставаат ознаките за патеката и се уредува истата.

Планинарската тура би требало да се реализира на 22 мај, тргнувањето ќе биде во 7 часот од пред зградата на локалната самоуправа Новаци, а стартот на планинарската тура ќе биде од село Градешница преку Церова полјана, Лаките до Будимирци каде што завршува планинарската тура. Подготовките привршуваат, а сите заинтересирани за дополнителни информации можат да се обратат во Општина Новаци.