MARIOVO-01

Планинарскиот марш во склоп на прекуграничниот проект со Грција „Жива историја – жива природа 2“, беше реализиран на 22 мај 2016. Овој марш,  предизвика голем интерес кај населението во овој регион. Повеќе од 160 планинари  ги посетија двете планинарски тури. Првата планинарска тура беше на релацијата Општина Новаци – с.Градешница – извори на Градешка река – Церева полјана – месност Лаките – манастир св. Димитрија – с.Будимирци, додека втората  релација  Општина Новаци – с.Градешница – с.Будимирци – манастир  Св. Димитрија – с.Будимирци. Две патеки беа со различна должина, првата – атрактивна патека беше со должина од 23 km која изобилува со културно историски споменици и втората – кратка патека со должина од 8 km, која изобилува со живописни пејсажи. За сите планинари од регионот проектот обезбеди превоз од градовите Прилеп и Битола до селото Градешница од каде што беше почетокот на двете планинарски тури, а потоа и враќање од крајната точка манастир св. Димитрија во с. Будимирци до градовите и селата, а секако и пакети со храна и пијалок за секој планинар.

Треба да се потенцира дека на оваа планианрска тура имаше учесници од сите возрасти и двата пола. Градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски, пред почетокот на планинарската тура се сретна со планинарите и им посака успешен планинарски марш. Планинарите со себе понесоа впечатоци за прекрасната и недопрена природа, живопсини пејсажи, надојдени реки и значајни споменици. Препорака на планинарите е оваа планинарска тура да премине во традиционална и да се организира секоја година.

До крајот на месец јуни планирано е да се реализраат и велосипедска и џип тура на територијата на Општина Новаци.