DZIP-01

Моментално се прават последните подготовки на терен за Џип турата низ Мариово. И оваа како и планинарската тура има за цел промовирање на природните убавини на Општина Новаци и привлекување на туристи. Имено ангажирани се професионалци кои прават мапирање на турата имајќи во предвид каде треба да се помине и што всушност треба да се види на територијата на општина Новаци. Дефинирано е дека почетната точка ќе биде во селото Скочивир, а крајната точка во селото Градешница. Џип турата планирано е да се реализира на 25 јуни.