3SOSTANOK-01

На 30.05.2016 година во општина Новаци се одржа третиот координативен состанок за прогресот и текот на имплементацијата на проектот „Жива историја, жива природа 2“. На состанокот присуствуваа претставници на општина Новаци и претставници на општина Алмопиа.

Тема на средбата беше досегашната реализација на проектот, проблемите и предизвиците со кои се соочуваат општините, со посебен акцент на активностите кои следат до крајот. Пред се акцент беше ставен на заедничките активности како што се школата за фотографија, конкурсот за најубави фотографии, школата за архитектура и за новинари и блогери која ќе биде во Аридеа и сл.

Состанокот заврши со дискусија за останатите заеднички активности кои следат до крајот на проектот „Жива историја,жива природа“ 2, завршната конференција во двете земји на која ќе се презентираат резултатите од проектот .