TOCACI

Моментално се прават последните подготовки на терен за велосипедската турата низ Мариово. И оваа како и планинарската тура и џип турата има за цел промоција на природните и историските патеки во Општина Новаци и привлекување на туристи. Моментално се прави мапирање на турата имајќи во предвид каде треба да се помине и што всушност треба да се види на територијата на општина Новаци. Велосипедкста тура ќе се одржи на 19.06.2016 година (недела). Патеката е средно тешка, ќе биде маркирана, а учесниците за време на турата треба да ги почитуваат насоките од водичите. Стартот на велосипедската тура ќе биде пред општина Новаци и ќе се вози до селото Зовиќ, каде во живописната природа покрај мостото на Градешка река ќе се организира пауза за ручек, а во попладневните часови ќе се вози назад до општина Новаци со попатни паузи и посета на знаменитости.