velosipedska_posledna

Четириесетина велосипедисти ја извозија педесет километри долгата патека на релацијата с. Новаци – с. Зовиќ.  Станува збор за средно тешка велосипедска патека која претходно беше обележана. Оваа велосипедска тура имаше свои водичи, а учесниците ги следеа нивните упатстава за успешно завршување на истата.

Велосипедската тура започна во 7 часот  од пред зградата на Општина Новаци каде на учесниците им  се поделија пакети со храна и пијалоци. Се возеше до с.Зовиќ, посета на мостот, кој е главно обележје на селото, каде се ручаше. Велосипедската тура заврши во попладневните часови со враќање на учесниците на почетната точка.

На оваа велосипедска тура и претходеше јавен повик за сите заинтересирани велосипедисти, претставници на велосипедски клубови, здруженија и љубители на велосипедизмот да учествуваат на велосипедска тура за промоција на природните и историските патеки во Општина Новаци.

Велосипедската тура е втора промотивна тура која се организира во рамките на ИПА прекуграничниот проект  „Жива историја жива природа 2 “ кој општина Новаци го реализира во партнерство со општина Алмопиа, Грција. Претходно беше организирана планинарска тура, а до крајот на месецот ќе се реализира и џип турата.