20-06-2016-1dzeep

Викендов се одржа „Џип Турнеја низ Мариово“. Стотина учесници со триесетина џипови утрото на 25 јуни се собраа пред зградата на Општина Новаци и се упатија низ прошетка на убавините на оваа општина. Всушност џип турнејата претставува туристичко возење по шумски патеки во должина од 160 -200 км низ мариовскиот крај со единствена цел запознавање со убавините на Мариово, неговите културно историски споменици и  можностите за алтернативни спортови и рурален туризам. За учесниците на оваа тура беше обезбедено освежување и ручек, а за секое возило, џип, беше обезбедено и гориво.

„Учесниците тргнаа од Новаци потоа се возеше преку преку селата Рибарци, Гнеотино, Брод, Живојно, Зовиќ, Старо село па пристигнување на групата во с. Скочивир, каде имаше прва пауза. Потоа турата продолжи преку селата Сливница, Полог, Гнилеж пристигнување во с.Грумази, посета на црквата Св.Воскресение Христово, и се направи втора пауза. Потоа следеше возење на турата преку селата Брник, Рапеш, пристигнување во с.Маково, посета на манастир Св.Петка и ручек. Во попладневните часови беше организирано враќање на почетната точка  и  затворање на џип турата.“ рече Лазар Котевски, градоначалник.

Џип турата е трета промотивна тура која се организира во рамките на ИПА прекуграничниот проект  „Жива историја жива природа 2 “ кој општина Новаци го реализира во партнерство со општина Алмопиа, Грција. Претодно беше организирана велосипедста тура на која учество зедоа четириесетина велосипедисти, а пред тоа беше организирана планинарска тура на која учество зедоа 160 планинари.