1-week-foto-1

Во тек е еднонеделната обука за фотографирање на природните и историските патеки „Вклучување на уметноста – Крстопати на природата и уметноста“. Школата ја посетуваат 30-тина учесници до Македонија и Грција, знаењата им ги пренесуваат  4 обучувачи, а за потребите и успешноста на обуката ангажирани се и преведувач и организатор на школата. За обуката организаторот обезбеди работни материјали, храна и сместување, исплата на патни трошоци за учесниците. Реализацијата на школата е во периодот 18 – 25 јули.

За време на седумдневата школа за фотографија ќе бидат посетени доста места од општина Новаци, културни и природни убавини на истата.

Учесниците на школата беа одбрани преку јавен повик на кој право за пријавување имаа фотографи од регистрирани фотографски студија или самостојни фотографи со минимум двегодишно фотографско искуство, познавање на работа на комјутер и странски јазик, а предност имаа фотографи кои  имаат искуство во делот на фотографирање културно-историско наследство и природни пејсажи.

– Оваа група на триесетина млади луѓе имаат можност преку своите фотоапарати да творат и да создаваат уметнички дела кои ќе значат придонес кон збогатување на културното наследство и документирање на прекрасната природа на битолскиот дел на Мариово. Направените фотографии за време на обуката ќе бидат искористени за мобилната апликација, на официјалната веб страна на  проектот.  Дел од нив ќе бидат испечатени во поголем формат на канвас платно и сл. – рече Нешад Аземовски, обучувач.

Школата за фотографија е една од многуте активности на општина Новаци во имплементацијата на проектот „Жива историја – жива природа 2“ финансиран од програмата на Инструментот за предпристапна помош, Програма за прекугранична соработка помеѓу Р. Македонија и Грција 2007-2013.

Впечатоци на дел од учесниците

„Дојдов овде затоа што ми се допаѓа фотографијата и сакав да земам учество. Мислам дека ќа имаме убави искуства, ќе ја дожиевееме природата и убавините на Мариово. Ќе се запознаеме со нови млади луѓе со кои имаме заеднички интереси и нови искуства.  “ рече Јоана Пандехи , учесник од Атина, Грција.

„Многу ми е мило што учествувам во реализиацијата на проектот „Жива историја, жива природа 2“. Јас не сум професионалец, дојдов овде да научам нови нешта за фотографијата затоа што ова го работам како хоби, аматерски. Мислам дека школата ќе ми биде корисно искуство.“ рече Стела Спиру , учесник од Атина,Грција.

„Дојдов да ја научам историјата на овој народ, природните убавини, да запознаам нови луѓе и стекнам поголеми искуства со фотографирањето и техниките. Се заинтересирав за оваа можност со голема надеж, бидејќи три години се занимавам со фотографија и мислам дека ќе биде одлично искуство.  “ рече Марија Дениз , учесник од Крит,Грција.