ИПА прекуграничната програма помеѓу Грција и ПЈР Македонија 2007 – 2013 е програма за соработка, кофинансирана од Европската Унија во рамките на инструментот за предпристапна помош (ИПА). Програмата е фокусирана на промоција на одржлив економски и социјален развој, во прекуграничните области како и помош при остварување на соработка која има за цел адресирање на заеднички предизвици во полињата на: околина, природно и културно наследство како и јавно здравство. Глобалната цел на програмата е да го охрабри обединувањето на програмската област преку промовирање на одржлив локален развој. Вкупниот буџет на програмата за периодот 2007 – 2013 е 31.549.722,00 €.