novaci_logo_01
Новаци

Општина Новаци

Општина Новаци за првпат е формирана по осамостојувањето на РМ и се конституира на 16 XII 1996 година. Според законот за територијална организација Општината Новаци се наоѓа во јужниот дел на Пелагониската Котлина, заземајќи го источниот дел на Битолското Поле и целосно припаѓа на сливот на Црна Река. Се граничи со општините од с.Старавина, с.Добрушево и во тесен дел со општините од с.Могила, с.Бач и Битола. Општината Новаци со својот состав има 19 села со атар во обем 175 км квадратни и 2778 жители.

Општината изобилува со голем број на природни убавини, споменици на културата, цркви и манастири и други знаменитости.

eliniki_dimokratia_logo_01
Алмопија

Општина Алмопија

Општина Алмопија е формирана во 2010 година после соединувањето на општините Аридеа и Експлатанос. Тоа е област со околу 986 квадратни километри и населеност со 27.556 жители. Аридеа е единствениот град во оваа општина, а општината има 39 села. Алмопија е висорамнина опколена со планини кои што се заштитени со легислативата Натура 2000, и е позната по производство на овошје и зеленчук со висок квалитет, како што се: цреши, праски, грав и црвена пиперка. Покрај земјоделските производи Алмопија е позната по термичките бањи во Лоутра, која што е многу важна туристичка дестинација.
Општина Алмопија има многу потенцијали, но и предизвици за соочување.