Project_Lhilna_II
За проектот

Двете погранични општини Алмопија и Новаци се карактеризираат со богати пејзажи и многу културни и историски споменици, кои може да се подобрат и да дејствуваат како клучен двигател за социо-економскиот развој на целата област. Веќе одобрениот проектот „Lhi-Lna“ ќе понуди доволно документација на местата од интерес и во двете области на историско и природно наследство. Документацијата ќе се користи од страна на локалните власти како алатка за планирање на нови и интегрирани средства за туристичка атракција. Основната идеја во тоа планирање е обединување на локациите преку дизајн и воспоставување на 3 патеки; „Патишта на живата историја“, „Патишта на живата природа“ и „Крстопати на историјата и природата“. Промоција на локациите ќе се постигне со користење на нови средства за промоција, како што се уникатни уметнички презентации на избрани локации. Како заклучок, веќе одобрениот проект „Lhi-Lna“ се обидува да се соочи со истражување на динамиката сконцентрирана во природното и историско наследство и нивно промовирање како целина. Тоа ќе им понуди корисна алатка на локалните власти, како што е документацијата на избраните локации, која може да се користи како клуч за зачувување. Одлуката за продолжување на овој проект укажува на подготвеноста на локалните власти да ги користат резултатите од одобрениот проект и да го истражуваат зголемениот интерес за еко-туризмот во двете земји, како клучен фактор за локалниот економски развој. Според тоа, двете општините ќе бидат во можност да понудат иновативни туристички производи и услуги, и да привлечат туристи, додека го заштитуваат своето наследство. Главниот проблем со кој Алмопија мора да се соочи е недостатокот на туристички интерес за нејзината територија со исклучок на термалните бањи на Лутраки. Во Алмопија се сконцентрирани голем број на места со туристички потенцијал, но недостасува инфраструктура и има потреба од активности за ревитализација на јавниот простор. Обид за рекреација на места од интерес за туристички разгледувања во огромното пространство на Алмопија ќе гарантира мобилизација на туристи и ќе ги означи патеките на позитивен начин нудејќи го потребниот баланс. Покрај тоа, и Новаци и Алмопија имаат потреба од реставрација на споменици. Тоа е постојана потреба во последнава деценија која е од суштинско значење, поради формирањето на „патеки“, бидејќи спомениците ќе бидат предложени како туристички дестинации. Покрај тоа, Новаци, со желба за промовирање на историјата и природата, се соочува со проблемот на безбедноста во регионот Мариово кој беше главното бојно поле во Првата светска војна; поради тоа, оваа област е покриена со мини и други оружја кои датира од тоа период. Општината смета дека постои потреба од деминирање околу „патеките“, што ќе им овозможи безбедност на посетителите.

Очекувани резултати

Главната идеја на проектот е изборот на најзначајните локации на трите „патеки“, имено „Патишта на живата природа“, „Патишта на живата историја“, „Крстопати на историјата и природата“ во секоја земја и предлогот за нивна реставрација и преуредување со цел да се појават како значаен дел од патеките и туристичка атракција. Покрај тоа, во општина Новаци, се предлага продолжување на патеките со цел да се вклучат повеќе значајни природни и историски места. Вреди да се спомне дека терминот „патека“ се користи метафорично за да се утврди обединувањето на местата кои се избрани како најважни во секоја област. Под овие услови, очекуваните резултати од проектот се:

  1. 6000 брошури / 4000 ЦД-а, 20 банери, 12 билтени,10 соопштенија за печат, 1 комуникациски пакет за промоција на проектот и неговите цели.
  2. Четири проектни состаноци
  3. Еден проект портал
  4. Еден комуникациски план заеднички експлоатиран
  5. Две конференции отворени за јавноста
  6. Проект за обновување на внатрешноста на црквата Свети Димитриј во Градешница
  7. Детален дизајн на византинските споменици во Алмопија.
  8. Севкупна студија за подобрување на праисториската пештера во Лутраки.
  9. Изградба на парк за рекреација на реката Коњарка и мрежа на места за рекреација
  10. Развој на јавниот простор во Aetochori како појдовна точка на Патишта на живата природа во Алпомиа.
  11. Деминирање на патеката во Мариово
  12. Активности поврзани со уметност во двете општини
  13. Два мобилни GPS апликации
  14. Семинари за туристички агенции и водичи.
  15. Crossroad тури.

Цели на проектот

Главната цел на проектот е реализација на заеднички интервенции од страна на партнерите со цел заеднички да ги заштитат историските и природните ресурси на прекуграничната област. Заштитата е основен фактор за користење на избраните места од интерес како средство за промовирање на посебните карактеристики на подрачјето. Изборот на историски и природни локации на општините и предлогот за нивната реставрација е од клучно значење, бидејќи на таков начин ќе се промовираат местата како важни делови на патеките кои веќе се предложени во проектот „Lhi-Lna“.

Специфични цели:

  • Да се поддржи идејата за создавање на „Патеки на историјата“, „Патеки на природата“ и „Крстопати на Историја и природа“, како нов туристички производ, подобрување на славата на вклучените области како атрактивни дестинации на алтернативен туризам со воведување обновeни историски споменици и преуредување на местата од природен интерес.
  • Да се открие динамиката на избраните места на двете области како вредни места кои претставуваат атракција.
  • Да се одговори на потребата за координирани активности кои ќе ги валоризираат спомениците и природните места.
  • Да се искористи оваа мобилизација како фактор за понатамошен развој активирајќи го придонесот на јавноста.
  • Да се подобри социо-економскиот развој на подрачјето со заштита на туристите кои постојано пристигнуваат и кои се љубители на културниот / верскиот или еко-туризмот.
  • Да се подобри прекуграничната соработка со акцент на заштитата на културното и природното наследство на двете области, во обид за промовирање на различностите и сличностите на областите и да резултира со заеднички развој на туризмот.

Очекувани резултати

Проектната намера е да направи придонес за заштита и промоција на националното и историското наследство. Веќе реализираниот проект Lhi-Lna беше фокусиран на документирање и создавање на богата архива на културно историско наследство.

Проектот Lhi-Lna 2, ќе се фокусира на селекција на важни области кои се веќе предмет на истражување. Овие области / локалитети вклучуваат реставрација која е важен фактор за да бидат туристичка атракција. Со овој вид на активности, ќе придонесеме за промоција на трите патеки, кои беа креирани во првиот проект Lhi-Lna. Направена е и унификација на бројни области, бидејќи некои од областите се поатрактивни и поважни. Овие области ќе бидат промовирани како области за посета со што ќе бидат идна дестинација за туристите. Преку промоцијата на овие области, на туристите ќе им биде дадена можноста и да ги посетат веќе креираните патеки, во секоја од областите. Во рамките на проектот ќе биде проследена и информација за локалното население и посетителите за овие патеки и области, со што ќе придонесеме кон автентична промоција, користејќи иновативнни методи (ширење на информации од страна на локалното население, усна промоција како и користење н социјалните мрежи).

Областите во кои се наоѓаат споменици на културата се: 3 археолошки области и 1 црква. Природните области во кои ќе биде направена интервенција за развој се вкупно 3.

Археолошките области се: Замокот во Chrisi, Мостот во Aloro, преисториска пештера во Loutra.

Црквата е Св. Димиртија во Градешница.

Природните области се: Aetochori,  Мариово и Коњарка

skin1.header-logo-regular

Сиже на проектот

Двете погранични општини Алмопија и Новаци се карактеризираат со богати пејзажи и изобилство на културни и историски споменици, кои можат да се збогатат и да бидат во функција на клучниот социо-економски развој во целата област. Сепак, голем број на овие места не се соодветно документирани и остануваат неистражени, иако се карактеризирани од особена важност од стана на локалните и централните власти. Исто така постои и недостаток во адаптацијата на главните планови и акции за координирана и заедничка промоција на културните и природните места со уште поголема потреба за реставрација на историските знаменитости. Главиот проблем со кој овој проект ќе се соочи е истражувањето за динамиката која историските и природните места ја следат како и нивна целосна промоција, бидејќи нив ги сочиниваат и интересни скриени карактеристики во двете области од проектот. Во исто време, високиот интерес за еко туризмот е заедничка цел во двете земји и сеуште се смета за клучна област за економски развој. Еко туризмот, како и туризмот кој ја промовира религијата и туризмот кој ја промовира културата се нов тренд во светски рамки при што туристие се повеќе бараат форми на алтернативен туризам. Во таа насока, регионите мораат да го препознаат овој потенцијал со цел да станат компетитивни во својата понуда за туристички услуги и продукти. Алмопија, веќе е позната туристичка дестинација, со своите термички пакеки на Лутраки при што привлекува голем број на туристи во текот на целата година. Сепак, туристите остануваат краток временски период и само во рамките на термичките извори бидејќи тие се единствениот дел кој е развиен во таа област. Има многу други места кои се од историска и природна важност во таа област кои не се промовирани за туристите како дестинација, но имаат капацитет да бидат развиени и промовирани.
Исто така, во областа на Новаци, има многу важна концентрација на историски и културни знаменитости кои што за многу брзо време можат да станат важни туристички дестинации. Овие знаменитиости од двете области можат да бидат од значајна вредност и да добијаат соодветната важност преку нивна презентација во едно ново светло, каде ќе се комбинираат минатото и сегашноста. Ваквата промоција со нови средства е еден од најважните фактори за развојот на концептот за алтернативен туризам. Меѓу другото, барањето на нови начини за привлекување на регионално внимание, е значајно поради зајакнување на локалната економија. Локалното население од двете области ќе има корист од проектот бидејќи ќе го охрабри развојот на економскиот туризам.
Влијанието на проектот ќе биде остварено во двете области преку документирање на вредно наследство со кое и двете области изобилуваат, а ова претставува вредна алатка за зачувување на туризмот.

Цели на проектот

Главната цел на проектот е реализација на заеднички интервенции направени од страна на партнерите со цел заеднички да ги промовираат и соединат историските и природните ресурси во прекуграничната област, како и да ги презентираат во форма која ќе го охрабри одржливиот развој. Ова ќе биде постигнато преку документација и истражување на врските помеѓу историските споменици, и помеѓу културните знаменитости во секоја од областите како и откривање на нивната динамика како вредни атрактивни места.
Конкретни цели:

  • Да се направат координирани активности кои ќе им дадат важност на спомениците и природните места преку нивна промоција во јавноста со нови репрезентативни мерки. Ова ќе биде постигнато преку вклучување на уметници во создавањето на уметнички дела.

  • Да се истражат новите технологии кои ќе бидат во функција на презентирање на областите со културно наследство преку употреба на електронски систем на база на податоци и апликации.

  • Да се презентираат нови туристички производи и да се охрабри популаризацијата на вклучените области како атрактивни дестинации за алтернативен туризам со претставување на историски и природни патеки.

  • Да се охрабри социо- економскиот развој во областите, но и да се зачува постојаното доаѓање на туристите за културен / религиозен или еко туризам.

  • Да се вреднуваат веќе постоечките прекрасни, важни но и познати места преку збогатување на средставта за нивна презентација.

  • Да се охрабри прекуграничната соработка со акцент на заштитата и претсатвувањето на културното и природното наследство во двете области со цел да се промовираат различностите и сличностите, за развој на заеднички туризам.

Очекувани проектни резултати

Централната идеја на проектот е создавање на три патеки: „Патеки на живата природа“, „Патеки на историјата“ и „Крстопати на историјата и природата“ во секоја од земјите. Терминот „патеки“ е употребен како метафора за да го одреди соединувањето на областите кои се селектирани како најважни од двете страни на границата. Тоа е заедничка алатка за промоција на историските и природните ресурси во областите кои што имаат тенденција да станат предмет на студија и презентација за поширока публика. Очекуваните резултати од проектот се следни:

  • Еден комуникациски пакет за промоција на проектот и целите. Подготовка на брошури, ЦД, банери, весници, соопштенија за медиуми и видеа.

  • Четири проектни состаноци.

  • Проектен портал.

  • Еден комуникациски план.

  • Две конференции отворени за јавноста.

  • Две теренски истражувања за документирање на историските споменици (по едно во земја)

  • Две теренски истражувања и документирање на местата со природно налседство (по едно во земја)

  • Четири електронски бази на податоци кои ќе ги вклучат сите собрани информации од теренските истражувања (ставени на порталот)

  • Две програми во секоја од земјите кои ќе вклучат две групи на уметници за презентирање на нивните уметнички дела

  • Создадени дваесет и осум уметнички дела за време на проектот.

  • Реконструирани три историски споменици во општина Новаци.

  • Знаци за патеките.

  • Две дигитални изложби на уметничките дела (по едно во земја).

  • Една електронска 3Д апликација за презентирање на најатрактивните места одредени со патеките.

  • Два повеќе јазични туристички водичи .

  • Еден проект кој ќе ги исполни критериумите за заеднички развој / реализација / администрација.

  • Еден проект кој придонесува за промоција на природните и културните ресурси.

Очекувани достигнувања

Проектот има тенденција да резултира со придонес за заштита и промоција на природното и историското наследство. Оваа заштита ќе биде направена со продукција на документи и креирање на богата архива која ќе биде достапна за истражување во иднина. Исто така ќе го информира локалното население и посетителите за значењето на знаменитостите во овие области бидејќи историската важност која тие ја претставуваат ќе биде доведена поблиску до нив. Повеќестраната промоција на знаменитостите ќе резултира со јакнење на туристичката привлечност и зголемување на економскиот развој во двете прекугранични области. Средтсвата за ваквиот резултат ќе вклучат уметност претставена преку иновативни начини на промоција. Досега уметноста не е широко искористена како промоција на прекуграничните области. Ова ќе придонесе кон крајна вредност за проектните достигнувања.

Проектна структура

РП1 Менаџмент и координација

Акција 1.1 Подготвителни активности
Акција 1.2 Проектен менаџмент
Акција 1.3 Координативни состаноци
Акција 1.4 Верификација на трошоците

РП2 Информираност и публицитет

Акција 2.1 Поделба на активностите
Акција 2.2 Проектен портал
Акција 2.3 Комуникациски план
Акција 2.4 Завршна конференција

РП3 Историски и природни знаменитости

Акција 3.1 Документирање на историски знаменитости
Акција 3.2 База на податоци
Акција 3.3 Документирање на природни знаменитости
Акција 3.4 База на податоци

РП4 Уметничко истражување и презентација

Акција 4.1 Формирање на групи на уметници
Акција 4.2 Формирање на првичен уметнички материјал
Акција 4.3 Претставување и креирање на оригинални уметнички дела
Акција 4.4 Развој на дигитална изложба

РП5 Креирање на патеките

Акција 5.1 Развој на историски и природни патеки
Акција 5.2 Реконструкција на споменици
Акција 5.3 Креирање на патеките
Акција 5.4 Електронска 3Д апликација
Акција 5.5 Развој на туристички водич

Реализација на проектот

РП1 Менаџмент и координација

Првиот координативен состанок беше реализиран на 24-ти октомври 2013 во Аридеа
Вториот координативен состанок беше одржан на 7-ми март 2014 во Новаци.

РП2 Информираност и публицитет

Комуникацискиот план беше направен во октомври 2013
Комуникацискиот пакет беше развиен и информативните материјали тековно се репродуцираат за време на траењето на проектот
Порталот е поставен во мај 2014

РП3 Историски и природни знаменитости

Во општина Новаци беа направени истражувања на природни и историски знаменитости.
Во општина Алмопија тендерот кој ги вклучува ваквите истражувања е во тек. Затоа истражувачите имаат пролонгирање на нивната временска рамка.

РП4 Уметничко истражување и презентација

Огласите за уметници се објавени во периодот април – мај 2014.
Организацијата на програмите е во тек, и двете програми ќе бидат реализирани во август 2014.

РП5 Креирање на патеките

Развојот на патеките е во тек во Алмопија и Новаци.
Реконструкциите во Новаци се во завршна фаза.